На денешниот протестен марш против францускиот предлог под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, кој продолжи по старата маршута Влада, Министерство за надворешни работи, македонско Собрание, се обрати и младиот музички уметник, Влатко Миладиновски.

Првично, тој настапи со својата песна „Велат не нема“, која една од најубавите понови македонски песни, чии автор се легендарните Тоде Новачевски и Крсте Наумовски, кои напишаа некои од најубавите македонски народни и забавни мелодии.

Текстот на песната ја опишува и актуелната состојба во која се наоѓа Македонија и македонскиот народ кој е негиран, почнувајќи од соседи, па и земјите во поширокото опкружување.

После интерпретирањето на песната, Миладиновски пред присутните македонски граѓани кои го искажаа револтот против бугарските барања кои се содржани во францускиот предлог, цитирајќи ја песната, истакна велат не нема, ама еве сме.

Велат не нема и во Егејска и во Пиринска Македонија и во Македонија не не признаваат, ама како што вели песната, еве сме, додаде Миладиновски.

„Велат не нема, велат дека не нема и во Егејска Македонија, велат дека не нема и во Пиринска Македонија и тука не не признаваат, ама само велат и тие сакаат да не нема. Меѓутоа, затоа песната вели „Велат не нема, ама еве сме““, рече Миладиновски.