Тој додаде дека материјалните докази ќе бидат во насока да се докаже каква функција имале и извршувале клиентите кои ги застапуваат.
– Тоа се потврди за тоа дали биле во партија на какви било функции, односно она што произлезе од исказот на сведоците да го потврдиме и со материјални докази, изјави адвокатот Миланов.
Воедно, тој оцени дека исказот на Александар Василевски – Нинџа „се менува по потреба“ за фаза на постапка, дел од постапка и за која постапка се однесува. Според него, тој исказ е дискредитиран до таква граница што „не би можело и не би смеело да се поклони верба на истиот“.