Ниту јас, ниту ЛДП и ДОМ немаме дадено јавна поддршка на ниту еден кандидат за градоначалник надвор од редовите на нашето движење, напиша вечерва лидерот на ЛДП, Горан Милевски на социјалните мрежи.

Притоа тој за општината Шуто Оризари, напиша дека ЛДП И ДОМ даваат поддршка за Курто Дудуш

Во продолжение неговиот пост на ФБ

ЛДП и ДОМ во недела имаат еден кандидат зад кого застануваат и кој ја има нашата поддршка.
Тоа е Курто Дудуш кандидат за градоначалник на Општина Шуто Оризари.
На сите други места остануваме на нашиот став, граѓаните и нашите поддржувачи да гласаат за оние кандидати за градоначалници кои сметаат дека се блиски до нашата идеологија, верувања, определби.
Да гласаат за оние кандидати кои сметаат дека ќе работат во интерес на граѓаните.
Ниту јас, ниту ЛДП и ДОМ немаме дадено јавна поддршка на ниту еден кандидат за градоначалник надвор од редовите на нашето движење.
На сите места каде освоивме советници ќе бидеме коректор на локалната самоуправа и чувари на интересот на граѓаните.
Ќе се бориме за реализација на нашата програма и проекти независно дали ќе бидеме дел од локалното мнозинство или опозиција, напиша Милевски на ФБ