Педесет земји низ светот, на пример, не вакцинираат против сипаници, детска парализа или жолта треска, соопштија СЗО и УНИЦЕФ.
Сипаниците беа закана дури и пред пандемијата предизвикана од ковид-19, но сега милиони деца не биле вакцинирани против оваа многу заразна болест.
-Пандемијата ја влоши претходно лошата состојба, рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Анриета Форе.
Еден од проблемите е прекинот во синџирот на снабдување. УНИЦЕФ минатата година можеше да дистрибуира само 2,01 милијарди вакцини, наспроти 2,29 милијарди во 2019 година.
Двете агенции на ООН ги повикуваат побогатите земји и фармацевтските компании да инвестираат повеќе во истражување на вакцините и да ги финансираат кампањите за вакцинација на жителите до кои е тешко да се стигне.