Според него, „колку ни е лошо организирана дипломатијата говори самиот факт што три години Македонија е без амбасадор во Вашингтон“.
-Дополнително, САД се една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и амбасадор кој бил непожелен во Вашингтон ќе има и сериозен хендикеп во дипломатската активност во Њујорк. Во ООН постои и дипломатски НАТО-клуб каде амбасадорите на земјите членки имаат редовна координација, а со персона како Фрчкоски и овој битен дипломатски кружок би останал неискористен, пишува Милошоски.
Тој додава дека согласно Деловникот, како претседател на Комисијата за надворешна политика, ќе вложи максимални напори во Њујорк да не дозволиме да не’ претставува амбасадор кој бил оценет за непожелен од страна на САД, како земја домаќин на ООН.
Професорот Љубомир Фрчкоски е предложен од Министерството за надворешни работи да биде амбасадор на Македонија во Обединетите нации во Њујорк. Ова го потврди спикерот Талат Џафери, но не знае кога ќе биде свикана собраниската Комисија за надворешни работи за Фрчкоски да ги презентира тезите за неговата работа како амбасадор.
–Тоа е во надлежност на претседателот на Комисијата, седницата за претходните амбасадори заврши во петок, иако предлозите за нив беа доставени во април, рече Џафери
📌Фрчкоски не е за амбасадор во Обединетите Нации
🚩Колку ни е лошо организирана дипломатијата говори самиот факт што…
Posted by Antonio Miloshoski on Tuesday, September 28, 2021