Документот од април оваа година од Загреб, кој известува за екстрадициониот притвор на македонскиот државјанин Бранислав Димитриевиќ во Осиек, баран преку Интерпол, е само уште еден доказ дека раководството на МВР, АНБ и МВР, за „ерменската афера“ дознало многу порано, но молчеле.
Инаку Бранислав Димитриевиќ бил еден од најблиските соработници во проектите на Левон Саркисјан, братот на поранешниот претседател на Ерменија, без кого не поминувал ниеден поголем тендер, и кој исто така е во бегство. Во меѓувреме во МНР удираат по самарот (ветинг на двајца вработени од понизок ранг), додека триото „шверцери на луѓе од Ерменија“ се уште ужива заштита на некои високи државни функционери – посочува Милошоски.