Една полициска акција без учество на ДЕА, беше акцијата со Грчец, јавна тајна е дека во таа област и во главниот град фунционира група за шверц на дрога, изјави Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ во емисијата Филибастер на Радио Лидер.
Полицијата и Обвинителството спремаа акција „Планина“ , мислеа ќе бидат фатени главните, но таа беше пробиена и на крај со пријави завшија маргинални извршители, а главните се на слобода. Не беа запленети голема количина дрога и МВР покажа дека нема капацитет самостојно да спроведува акција.. И втората акција за спореба е акцијата во Прилеп и околината, главниот дел го воделе американски агенти од ДЕА и македонската полиција била известена откако се било подготвено и гледаме дека тука реализацијата е еефикасна. Кога МВР самостојно спроведува акција нема ефект, изјави Милошоски.
ВМРО ДПМНЕ предупреди за Кире Чипсио Спиркоски, реагираше кога стана Началник , затоа што имаше сомнителна диплома , ама тогаш беше протежиран, изјави Милошоски.