Од 2012 до 2018 пензиите имаа законски утврден раст според трошоците за живот(50%) и просечната плата(50%), анализира Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2018 СДСМ/ДУИ го укинаа растот на пензиите според просечната плата и цели 3 ипол години им кратеа на пензионерите голема сума на пари од нивните пензии.
Сега пак ќе се враќа истиот модел на раст на пензиите од 2012 година, но за жал владата на пензионерите нема да им го врати тоа што им го земаше 3 ипол години. Многу ги осиромашија“ – пишува тој.