Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, денес објави дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Европа минатата недела надмина еден милион пациенти.

– Минатата недела надминавме еден милион потврдени смртни случаи од коронавирусот во европскиот регион. Ситуацијата кај нас е многу сериозна: секоја недела бележиме 1,6 милиони нови случаи, а тоа се 9.500 на час или 160 лица во минута, се вели во изјавата на Клуге.

Тој додаде дека само кај најстарите има пад на бројот на заболени.

– Во претходните два месеци, трендот кај луѓето над 80 години е променет во споредба со сите други возрасни групи, веројатно заради големиот број вакцинирани кај ризичните групи. Од февруари, постепено се намалил бројот на луѓе кои починале од Ковид над 80-годишна возраст, што е најниско ниво од почетокот на пандемијата.  Бројот на хоспитализирани се уште е голем, во добар дел од Европа. откри Клуге.