Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“, одржана во Медија центарот на Владата. На настанот присуствуваше и Есма Адиловиќ Фазлиќ, раководител на сектор за реформа во јавната администрација.
Министерот Минчев ја истакна важноста на новото министерство во реформите на јавната администрација, нагласувајќи посветеност на зголемување на ефикасноста и транспарентноста на истата. Тој ги презентираше новите иницијативи, вклучувајќи системски и ефективни закони, систем заснован на заслуги и формирање на Академија за обука на јавната администрација.
„Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните и ќе биде во согласност со европските стандарди. Овие реформи имаат за цел да ја модернизираат и професионализираат администрацијата за да се одговори на барањата на нашето општеството“, изјави Министерот Минчев.
На трибината присуствуваа и високи претставници од Министерството за финансии, Министерството за економија и труд, Управата за јавни приходи и Царинската управа, што дополнително ја потврди важноста на соработката меѓу различните институции во напорите за подобрување на јавниот сектор.
Платформата „100% Посветено за тебе“ претставува иницијатива на Владата со цел да се осигура транспарентност и отворен дијалог со граѓаните, пружајќи им можност да се информираат за активностие и напорите на Владата во првите 100 дена од мандатот.