Свеченоста на отворањето на новата, јубилејна концертна сезона на Македонската филхармонија ја зеде и ја однесе низ Вардар министерката Бисера Костадиновска Стојчевска со валкање и уништување на угледот на најстарата музичка институција во Македонија, која годинава прославува 80 години од своето постоење, реагираат во допис испратен до нашата редакција вработени во Македонската филхармонија.

Имено, настаните кои изминатиов период ја брануваа јавноста со вдомување на новата национала установа за џез музика во просториите на Македонската филхармонија кулминираа со разрешувањето на директорката Тина Иванова и целиот Управен Одбор на филхармонијата под изговор дека гореспоменатите не ја вршеле својата работа совесно и одговорно. Министерката во сите свои јавни излагања, единствената причина за нивното разрешување ја образложи во изнајмувањето на салата на Македонската филхармонија на политичка партија (кое впрочем е сосема легално и легитимно), односно задоцнето плаќање на фактурата за изнајмување на салата и наводна ненаплатена камата за задоцнетото исплаќање. Министерката во нејзиното јавно излагање потенцираше дека нема да дозволи на ваков начин да бидат оштетени граѓаните, сметајќи дека Тина Иванова и Управниот Одбор ги оштетиле граѓаните со задоцнувањето на исплатата за изнајмување, велат во дописот вработените.

Тие реагираат на двојните аршини на министерката за култура.

Епа министерке браво! Само што ако имате грам чесност и доблест ќе им кажете на граѓаните дека истата година, еден месец пред да се случи тој за Вас спорен настан, Вие ја побаравте истата сала да се изнајми на Вашиот кум БЕЗ ФИНАНСИСКИ НАДОМЕСТ! Но ја немате и тоа секој ден го покажувате! За појаснување, се работи за известување испратено директно од кабинетот на министерката за култура до НУ Филхармонија на Р.Македонија, во кое министерката известува, или подобро речено наредува да се издаде големата сала на Филхармонија без финансиски надомест на „Друштво за продукција, маркетинг и услуги СЦЕНА – СВЕТСКИ МУЗИЧКИ ФОРУМ увоз-извоз ДОО Битола“ за реализација на проектот „Балкански Музички Фестивал 2023“ за термините 21-22.11.2023, финансиран се разбира како проект од национален интерес во културата од страна на Министерството за култура.
Ова известување е потпишано со своерачен потпис од министерката за култура и архивирано со печат од министерство за култура. Со ваквото деспотско однесување министерката ја чини филхармонија (или граѓаните како таа милува да каже) повеќе од 10.000 евра!
Е сега министерке, образложете ни од што ги штитите граѓаните? Од обидот да се биде креативен во ова многу некреативно време за сите? Од луѓе кои чесно си ја работат својата работа? Од институција која во време на пандемија бележи рекорден број на посетеност и од страна на публика и од страна на странски солисти и диригенти? Од презентирање и реализација на проекти и изведувачи од светски калибар на кои што публиката им се насладуваше изминативе неколку години? Или пак ги штитите само оној специјално одбран круг на граѓани, Ваши миленици кои ја пропагираат Вашата штетна политика со задоволување на ниски страсти, оние на кои им ги остваривте животните желби – да бидат човек институција?, стои во дописот од вработените во Филхармонија до нашата редакција кои ни испратија и фотографија од дописот на министерката.

Во прилог целото обраќање од вработените во Филхармонија.

КУЛТУРА НА ПРОДАЖБА

За сите љубители на класичната музика и оние кои милуваат слободното време да го поминат следејќи некој концерт, опера, балет, театар или пак било каква манифестација од културен карактер добрата вест е што концертните сали веќе се отворија, годишните програми на институциите веќе се презентираа, па на граѓаните само останува да одлучат каде ќе одат и што повеќе сакаат да слушаат или да проследат.
Но лошата вест е што културниот живот и културните настани кои се извалкани со политичка позадина ја немаат таа драж, а публиката тоа најдобро го чуствува и одбива да просведочува на таквите сквернавења.

Токму на таков чин и просведочивме овој четврток, на отворањето на новата, јубилејна концертна сезона на Македонската филхармонија, каде покрај прекрасниот репертоар и фантастичниот солист на виолина Барнабеш Келемен и инзвонредниот диригент Бенџамин Шварц, проследено со прекрасното музициарање на филхармоничарите остана незабележано, во полупразна сала. Немаше ниту П од помпезноста на која сме сведочеле изминатите сезони на нивното свечено отварање. Свеченоста ја зеде и ја однесе низ Вардар министерката Бисера Костадиновска Стојчевска со валкање и уништување на угледот на најстарата музичка институција во Македонија, која годинава прославува 80 години од своето постоење.
Имено, настаните кои изминатиов период ја брануваа јавноста со вдомување на новата национала установа за џез музика во просториите на

Македонската филхармонија кулминираа со разрешувањето на директорката Тина Иванова и целиот Управен Одбор на филхармонијата под изговор дека гореспоменатите не ја вршеле својата работа совесно и одговорно. Министерката во сите свои јавни излагања, единствената причина за нивното разрешување ја образложи во изнајмувањето на салата на Македонската филхармонија на политичка партија (кое впрочем е сосема легално и легитимно), односно задоцнето плаќање на фактурата за изнајмување на салата и наводна ненаплатена камата за задоцнетото исплаќање. Министерката во нејзиното јавно излагање потенцираше дека нема да дозволи на ваков начин да бидат оштетени граѓаните, сметајќи дека Тина Иванова и Управниот Одбор ги оштетиле граѓаните со задоцнувањето на исплатата за изнајмување. Епа министерке браво! Само што ако имате грам чесност и доблест ќе им кажете на граѓаните дека истата година, еден месец пред да се случи тој за Вас спорен настан, Вие ја побаравте истата сала да се изнајми на Вашиот кум БЕЗ ФИНАНСИСКИ НАДОМЕСТ! Но ја немате и тоа секој ден го покажувате! За појаснување, се работи за известување испратено дирекно од кабинетот на министерката за култура до НУ Филхармонија на Р.Македонија, во кое министерката известува, или подобро речено наредува да се издаде големата сала на Филхармонија без финансиски надомест на „Друштво за продукција, маркетинг и услуги СЦЕНА – СВЕТСКИ МУЗИЧКИ ФОРУМ увоз-извоз ДОО Битола“ за реализација на проектот „Балкански Музички Фестивал 2023“ за термините 21-22.11.2023, финансиран се разбира како проект од национален интерес во културата од страна на Министерството за култура. Во овој проект спаѓаат концерти на „Нокаут“ и Игор Џамбазов. Ова известување е потипишано со своерачен потпис од министерката за култура и архивирано со печат од министерство за култура. Со ваквото деспотско однесување министерката ја чини филхармонија (или граѓаните како таа милува да каже) повеќе од 10.000 евра!

Е сега министерке, образложете ни од што ги штитете граѓаните? Од обидот да се биде креативен во ова многу некреативно време за сите? Од луѓе кои чесно си ја работат својата работа? Од институција која во време на пандемија бележи рекорден број на посетеност и од страна на публика и од страна на странски солисти и диригенти? Од презентирање и реализиација на проекти и изведувачи од светски калибар на кои што публиката им се насладуваше изминативе неколку години? Или пак ги штитете само оној специјално одбран круг на граѓани, Ваши миленици кои ја пропагираат Вашата штетна политика со задоволување на ниски страсти, оние на кои им ги остваривте животните желби – да бидат човек институција?
Никого не штитите Вие министерке, освен Вашата желба за одмазда! Разрешувате човек од раководна позиција и цел управен одбор само со желба да се одмаздите, а со тоа ја продавате културата на таканаречени „шиткачи“ кои успеваат низ мала врата да ги протнат необразованието, неукоста, бесрамноста, површноста, безкрупулозноста, агресивната игнорантност и сето тоа убаво спакувано под придавката „урбан лик“! Но културата за среќа не е на продажба. На продажба се луѓето кои и по Вашето (се надеваме скорашно) заминување ќе треба да се погледнат во очи и да соработуваат. Искрено, не знам со кој образ ќе го сторат тоа, бидејќи образот одамна го извалкаа со Вашите фекални бизнис политики.

Во меѓувреме, новото раководство на институцијата, односно в.д. (Фантом) директорот Даниел Лазаровски, сосема непознат на јавноста, а од друга страна многу добро познат меѓу колегите како конфликтна и проблематична личност која заспива на своето работно место и притоа не бележи било каков значаен успех во својата работа како долгогодишен виолинист и член на оркестарот, како и во било која друга сфера од областа на културата и уметноста, во пресрет на почетокот на новата концертна јубилејна сезона ги одби сите гостувања во медиуми каде, како што е ред, треба да ја запознае јавноста со претстојните настани кои треба да бидат во центарот на културните збиднувања во земјава. Се надеваме во некои подобри времиња ќе го стори тоа и истовремено ќе образложи и тој за промените во програмата кои, како што дознавме од извори блиски на овој портал, дека на големо ги најавува. Се работи за промена на диригенти и солисти кои се веќе договорени година – две однапред, а министерството уште лани одобрило сретства за истите да остварат гостување во оваа концертна сезона на Филхармонијата, па дури и се објавени како концерти на веб страната на Филхармонија. Да потенцираме дека да се биде солист или диригент во редовна програма на институција од Ваков тип изискува сериозни, повеќемесечни препреми уметничка работа. А да се отстранат од програмата преку ноќ и со тоа да им се поништи и обезвредни целиот тој труд поради лични преференци се граничи со идиотизам.

Бидејќи таквиот непрофесионален однос на раководтството на институцијата нема повеќе никогаш да ги привлече тие уметници да гостуваат, без разлика дали се од земјава или странство. И сето тоа без одобрение од нов Управен Одбор, кој според нашите извори сеуште не ни постои, што е уште еден показател за незаконски, несовесно и неодговорно работење на министерката за култура и новиот в.д. директор. Но директорот тоа очигледно не го колеба, бидејќи го „имал правото“ да исфрли се што нему не му се допаѓало, или народски речено да прави „плукни – залепи“ што е типично за едно време запаметено како социјалистички режим, налик на карактерот Шојиќ од филмската комедија „Тесна кожа“ која датира од поранешната Република. Па дури и заклучувањето на директорската канцеларија со клуче и носејќи го в џеб, што е исто така спротивно на законот, говори за моменталната состојба и атмосфера во Филхармонијата, налик на гореспоменатата југословенска филмска комедија. Истовремено, од нашите извори дознаваме дека „во фиока“ чекаат согласноситите за продолжување на договорите на определено време на 20 (двесет) вработени во институцијата. Тоа се согласности за договори за работен однос на определено време (на една година) кои вообичаено се продолжуваат по автоматизам и тоа е повторно пропуст на

Министерството за култура кое е некадарно да им обезбеди на граѓаните на Р. Македонија сигурно работно место кое неколку пати го покажувале и докажувале пред стручни комисии. Но се чини на в.д. Директорот и министерката дека не им е воопшто грижа што на „чивилук“ висат дваесет семејства, кои сосем е можно да останат без примања во овие тешки времиња само заради одмаздољубивоста на министерката. Како што самата таа до сега покажа со своето министерување, не би се зачудиле овие дваесет вработени да останат на улица без никаква одговорност и емпатија кои се всушност две главни карактеристики на нејзиниот мандат, а со една цел – одмазда! Тоа е и типично за личност со малограѓански поглед на светот.

За незаконското, неодговорно и несовесно едномесечно раководење со оваа институција од страна на новиот фантом директор има уште многу што да се зборува, како на пример тоа што сеуште нема извршено приморедавање со претходната директорка, нема остварено ниту еден состанок со ниту еден вработен од ниту еден сектор во институцијата, секојдневно вршење мобинг врз вработените од администрацијата проследено со закани и потсетувања дека ќе ја изгубат својата работа бидејќи тој ја имаа таа моќ и ред други нешта за кои за жал разбравме, ќе мора да ја почекаме министерката да ги реши и да одговори ако сеуште има тронка совест.

Како и да е, завршницата на овој циркуз наречен култура во Македонија, кој културните уметници ги клекна на колена, сите ја очекуваме со нетрпение. Бидејќи ваков однос никому не му оди во прилог. Културните работници на крајот на денот зависат од публиката, а публиката е народот кој секојдневно слуша за вмешување на политиката онаму каде што навистина не припаѓа и со тоа се врши штета која нема да може лесно да се надмине. Оти, без култура нема уметност, а без уметност нема држава!