Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, го коментираше ремито без голови против составот на Хамбург во рамките на 11. коло од германската Бундеслига. Баварскиот клуб веќе три натпревари по ред не успева да забележи победа.

„Мојот став во моментов е следен: сè ќе решиме внатре во тимот. Ќе разговараме за сè, но нема само да разговараме – јасно и гласно ќе го искажеме нашиот став. Сепак, сега не сакам да кажам ништо повеќе. Тоа е сè“, вели Компани.

„Сега минуваме низ период во кој мораме да се бориме, да бидеме обединети со навивачите и да го зачуваме единството во клубот. Токму затоа велам дека црвениот картон во никој случај нема да предизвика раздор меѓу фудбалерите. Воопшто не ме интересира што мислат луѓето за тоа што треба да кажеме во ваква ситуација. Ќе разговараме внатре во тимот за сè што е потребно, како што секогаш правиме – искрено и отворено“, истакна белгискиот стратег.

„Во моментов ова се фудбалерите со кои располагаме. Ако продолжат да се борат со ваква посветеност, за мене е вистинско задоволство да бидам нивни тренер“, додава Компани.

Според Компани, токму од ваквите натпревари може да се научи многу, но само доколку екипата успее да остане смирена во тешките моменти.

„Ако останете смирени, токму во ваквите моменти можете многу да научите. Што ќе научев по победата од 7-0 над Унион Берлин? Дека Хари Кејн знае да ја испрати топката во мрежата? Сакам да кажам дека токму во ваквите моменти навистина учите нешто. И токму тоа го правиме сега“, заклучи Компани.