Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денес е во посета на Ранковце каде ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува акцијата што ја започна, односно да биде повторно со народот каде што промените се случуваат.

-И секогаш вака на терен да ги презентираме сите активности што ги имаат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, но и да разговараме со сите граѓани. Ние денеска тука на терен сме заедно со градоначалникот на општина Ранковце, исто така и координаторот на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, но и со многу граѓани да обележиме неколку значајни проекти во Ранковце. Еве имавме можност да видиме градоначалникот да наброи повеќе проекти што се случуваат. Денеска сме на изградба на еден локален пат во селото Радибуш каде што со други неколку мали патчиња, односно локални патчиња ги поврзува сите села тука во Ранковце, рече тој.

Мисајловски потенцира дека ова е навистина за голем поздрав.

-Мала општина каде што градоначалникот вложува максимални напори со неговата администрација да се завршат овие проекти. Еве слушнав дека има повеќе проекти околу не знам 12-тина милиони денари само во улици, во патишта, во канализација, но и околу 30 милиони денари за еден покрупен проект за водоснабдување. Затоа во ваква сериозна економска криза каде што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ затекнаа празни буџети, затекнаа празни сметки и работат за граѓаните. И тоа сакаме да го одбележиме вака и пред јавноста да кажеме дека нема откажување до последен напор секој од градоначалниците треба да се бори за она што го имаат ветено во програмата. И еве на дело, на лице место може да видиме дека се тампонираат улици, а тоа се разбира и тие ќе бидат асфалтирани, рече тој.

Мисајловски потенцира дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се меѓу народот за да помогнат.

-Но, од друга страна и како пратеници, јас и Никола Мицевски сме тука и утре да помогнеме преку ребаланс на буџетот да обезбедиме, да побараме да се обезбедат дополнителни средства зашто секогаш кога има ребаланс на буџет бараме за повеќе локални патишта, за повеќе улици, за повеќе градинки итн. Но секогаш ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии во опозиција се одбивани. Но, треба сите заеднички да ги слушнеме барањата на жителите и потоа ние амандмански да пробаме да измениме сето ова што се случува во Македонија, за да има повеќе проекти. На крајот сакам само да се заблагодарам на градоначалникот за убавата можност да се видат вака проекти на лице место. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ , тоа се делата на ВМРО-ДПМНЕ. Продолжуваме со акцијата и се разбира ќе продолжиме по сите места во Македонија, рече тој.