Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати порака од Општина Брвеница, посветена на делото на поранешниот градоначалник Јовица Илиевски и развојот на општината.
„Делата остануваат. А делото на нашиот пријател и брат, поранешниот градоначалник на Општина Брвеница, Јовица Илиевски е видливо низ цела Брвеница, преку проектите, инвестициите и промените што ги остави зад себе“, објави Мисајловски.
Тој посочи дека Брвеница продолжува да се гради и развива, со реализација на конкретни проекти и инвестиции насочени кон подобрување на условите за живот на жителите.
„Брвеница продолжува да се гради, да се развива и чекори напред. Со работа и конкретни проекти се создаваат подобри услови за жителите“, наведува Мисајловски.
Министерот истакна дека верува во потенцијалот на Брвеница и во луѓето кои, како што вели, секојдневно придонесуваат општината да биде подобро место за живеење.
„Продолжуваме заедно за Македонија, заедно за иднината!“, порача Мисајловски.
