По повеќе од четири часа во воздух, слета киднапираниот авион, а пилотот идентификуван како Кори Патерсон е приведен.
Тој од аеродромот во Тупело, Мисисипи одзеде авион „Бичкрафт кинг ер 90“ (Beechcraft King Air 90), и се закануваше дека ќе се урне врз трговскиот центар „Волмарт“ (Walmart).
Мотивите за киднапирање на авионот сè уште се непознати.
Во тек е истрага за инцидентот.