Штутгарт се врати на победничкиот колосек по поразот од Галатасарај во Лигата на шампионите, откако вечерва на домашен терен славеше против Вердер Бремен со 1-0 во натпреварот од 9-тото коло од Бундеслигата. Со овој триумф домаќините му го нанесоа првиот лигашки пораз на тимот од Бремен по пауза од повеќе од два месеци.
На домаќините не им беше потребно многу време за да дојдат до предност, со оглед на тоа што Максимилијан Мителштад ја затресе мрежата на Вердер уште во седмата минута, постигнувајќи погодок во свој препознатлив стил со прецизен удар од левата страна. Во 28-та минута од средбата, Ел Канус можеше дополнително да ја казни паднатата концентрација на гостинските фудбалери по една изгубена топка, но голманот Хајн беше одлично поставен и успеа да го одбрани лукавиот обид на мароканскиот интернационалец.
Благодарение на втората остварена победа пред домашните навивачи од почетокот на натпреварувачката сезона, составот на Штутгарт успеа да се искачи на осмото место на табелата, спречувајќи ги истовремено директните ривали да се пробијат кон позициите кои водат во Лигата на шампионите.
