Оценката за владата кажува многу и во која насока се движи Македонија и колкав е рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и што би се случило на следни парламентарни избори и зошто не се случуваат е доволен показател дека СДСМ бега од судот на народот, вели Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија „Еспресо со Златев и Боцевски“.

Митева праша доколку СДСМ е убедена во она што го говори дека нивните политики се исправни и дека имаат поддршка од граѓаните, тогаш зошто бегаат од предвремени парламентарни избори за да видат што народот смета за нив.

-Политичката партија функционира за да направи добро за граѓаните и ако гледа дека граѓаните се противат на нивните политики, тогаш треба да биде свесна дека треба да даде избори и треба да го слушне судот на народот. Тие постојано велат дека граѓаните им даваат поддршка, тие се постојано уверени дека нивните политики се правилни, тогаш зошто да не го провериме истото на избори, праша Митева.

Во однос на пресудата за Талир2, Митева потенцираше дека во самата постапка за целокупниот случај е преседан, бидејќи како што рече таа обвинението за Талир2 е покрената 18 месеци по истекот на СЈО, а и самиот Врховен суд има донесено став дека обвиненија кои што се покренати по законскиот рок се неважечки.

-Во случајот Талир се гледа бруталниот притисок кој што власта го врши судството и обвинителството и ние континуирано зборуваме дека тоа судство и обвинителство вистински треба да биде ослободено кои што власта на СДСМ и ДУИ кон судството. Ако се вратиме правнички да го гледаме ќе сфатиме дека ова е еден правен преседан кој што се случил, еден од многуте кои што ги направи судството по насока на СДСМ. Талир е обвинение кое што е покренато 18 месеци по истекот на рокот на СЈО и Врховниот суд веќе има донесено став дека сите обвиненија кои што се покренати по законскиот рок се неважечки. Така што целиот слет на настаните понатаму јасно покажува каков притисок вршеше СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ, истакна Митева.

-Во правото се суди врз основа на материјални докази. Но докази во оваа постапка судот ги немаше. Тоа се само разговори врз основа на кои што тие ја темелат пресудата. ВМРО-ДПМНЕ не беше странка во спорот, немаше обвинение за ВМРО-ДПМНЕ. Завршните зборови се случуваат ден пред една пресуда за случај кој што трае три години. Значи, ни 24 часа од пресудата по завршните зборови немаше, рече таа.

Митева нагласи дека како партија ќе продолжат да ја бараат правдата , посочувајќи дека имотот не е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ е народот на Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе продолжи да ја бара правдата. Ние континуирано зборуваме дека секој кој што се огрешил пред законот треба да одговара, но во еден фер и демократски судски процес. И ќе продолжиме да ја бараме правдата, имотот не е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ е народот на Македонија, заклучи Митева.