Таа очекува дека после скандалозната изјава на најголемиот турски мафијаш дека премиерот на државата би кај него дома, судството да се охрабри и да ги повика на информативен разговор.

Митева додаде дека Зоран Заев треба да даде одговор на одредени прашања, одговори заслужува и јавноста.

-Зоран Заев треба да одговори зошто, за кои цели се сретнал, како се овозможени тие 214 пасоши на нарко босови, мафијаши кои што имале можност да престојуваат во Република Македонија. Дури имале и сопствено обезбедување. Ова е скандал од меѓународни размери, рече Митева.

Митева посочи дека со СДСМ на власт правда нема. Главните и крупни криминалци се заштитени од законот. А, пасошите кои што се издадени на криминалци се уште се активни за жал.

Во текот на емисијата Митева се осврна и на темата 27 – ми април каде што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не бара слобода, ниту амнестија, туку бара правда, процес и употреба на нови докази.

-Што е најважно околу случајот 27-ми април? Прво, дали е направено насилство? Да направено е, потврдувам дека е направено насилство. Дали згрешиле луѓето кои што влегоа во Собранието? Да.  Дали тие се свесни за тоа? Да, свесни се. Но, дали луѓето кои што го овозможија тоа, и ги отворија вратата се наоѓаат на осудителна клупа или се ослободени од затвор за други цели, и тоа е многу важно прашање. Она што е важно што го бара ВМРО-ДПМНЕ не е слобода, ниту амнестија, тоа никогаш не сме го барале, туку ВМРО-ДПМНЕ бара правда, процес, и употреба на нови докази, појасни Митева.