Здружението на Украинците во Република Македонија „Лесја Украинка“ денеска организира митинг со почеток во 12 часот на плоштадот „Македонија“, а по повод годишнина од почетокот на руска сеопфатна инвазија врз Украина.
Учесниците на митингот, од плоштадот „Македонија“, ќе се упатат во Жена парк, каде ќе положат цвеќе пред споменикот на Тарас Шевченко.