Коалицијата СДС-ДУИ против безбедноста на граѓаните

Коалицијата СДС и ДУИ денеска, иако формално во опозиција, го демонстрираше своето заедничко делување против проектот „Безбеден град“.

– Коалицијата Али и Венко застанаа против животите и безбедноста на граѓаните. Денес заедно во Собранието гласаа против проектот „Безбеден град“, вели Никола Мицевски, пратеник и координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Факти за ефектот од „Безбеден град“

Мицевски објаснува дека СДС и ДУИ гласаа против измените на Законот за прекршоци кои овозможуваат функционирање на проектот, кој веќе започнал во Скопје, Куманово и Тетово, со поставена опрема и по Коридорот 8 и 10.

– На први октомври, кога започна пробниот период, камерите во Скопје регистрирале 110.000 прекршоци, од кои 90 проценти за брзо возење. Само на втори декември бројката се намали на околу 50.000 прекршоци. Во првите осум месеци од 2025 година во сообраќајни несреќи загинале 91 лице, додека во 2024 биле 142 лица. Сега, во декември 2025 и јануари 2026, бројот на смртни случаи е намален од 11 на 2, истакна Мицевски.

Критика за односот на партиите кон граѓаните

Мицевски додава дека со овој потег СДС и ДУИ повторно покажале дека не знаат да застанат зад политика во корист на граѓаните.

– Со овој потег, овие две партии, и покрај казната од граѓаните на изминатите избори, не знаат да се надминат себе си и да работат во корист на граѓаните, рече Мицевски.