Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има свое обраќање на свеченото отворање на првата сезона на Плазма спортските игри за млади на Плоштадот „Македонија“ во Скопје.

По завршување на настанот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Свеченото отворање на првата сезона на Плазма спортските игри за млади во Македонија, најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа ќе се одржи на Плоштад Македонија со почеток во 12:00 часот.

Во присуство на високи државни претставници, спортски легенди, амбасадори на Игрите, институции, партнери и илјадници деца, Македонија и официјално станува дел од големото семејство на Плазма Спортските игри за млади.

Освен Мицкоски на настанот ќе се обратат и министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Плазма спортските игри за млади Здравко Мариќ и претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија Елена Мицковска.

По свеченото отворање предвидено е да има изјави за медиуми од познати спортски ѕвезди.

-Програмата ќе биде збогатена со музички настапи, палење на пламенот на Игрите, видео пораки од светски спортски ѕвезди и бројни спортски активности. Ве покануваме заедно да испратиме силна порака за спортот, пријателството, фер-плејот и иднината на младите – се вели во соопштението на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.