Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес ќе учествува во чинот на поставување на камен-темелник за нова спортска сала во рамките на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски” во Скопје. На овој настан ќе бидат присутни и ресорните министри за одбрана и спорт, Владо Мисајловски и Борко Ристовски.
Финансиер на овој проект е Министерството за спорт, а вкупната инвестиција изнесува 64.780.000 денари. По комплетирањето на изградбата, спортската сала ќе биде предадена на Министерството за одбрана за постојана употреба, со цел да се овозможат тренинзи за студентите на Воената академија. Сепак, ќе бидат предвидени и одредени термини за учениците и граѓаните на Општина Аеродром.
„Предвидено е по церемонијата на поставувањето на камен темелникот на салата, премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми,” соопштија од владината прес-служба.