Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на свеченото одбележување на Денот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

-Настан посветен на улогата, одговорноста и професионалниот ангажман на припадниците на институцијата во заштитата на националните интереси и безбедноста на граѓаните. Во време на сложени безбедносни предизвици, од особено значење се професионалноста, посветеноста и континуираното јакнење на институциите, објави Мицкоски.

Премиерот на сите припадници на АНБ им упати честитки за нивната работа и им посакува успешно исполнување на мисијата во интерес на стабилна, безбедна и просперитетна Македонија.