Претседателот на владата, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на поставување на камен-темелник за доградба на Основното општинско училиште „Димитар Беровски“ во населбата Хром, во општина Ѓорче Петров.
Настанот е предвидено да започне во 10:30 часот, а со реализацијата на проектот ќе бидат обезбедени осум нови училници и дополнителни просторни капацитети за околу 240 ученици.
Според најавите, доградбата значително ќе придонесе за подобрување на условите за одвивање на наставата и за унапредување на образовната инфраструктура во општината.
По завршувањето на официјалниот дел од настанот, премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиумите.
