Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска во прво читање ги поддржа предлог-законите за судска и јавнообвинителска служба, кои се дел од пакетот реформи насочени кон унапредување на ефикасноста и независноста на правосудниот систем, објави на сцојата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов.
Со овие закони создаваме систем во кој знаењето, стручноста и резултатите ќе бидат поважни од бирократијата. Носиме повеќе автономија за судовите и обвинителствата, подобри услови за работа и јасни можности за кариерен развој.
-Повеќе професионалност.
-Повеќе независност.
-Повеќе одговорност.
-Подобри услови за вработените.
Следуваат јавни расправи и широка дебата, затоа што реформите во правосудството мора да се градат транспарентно и заедно со сите засегнати страни.
Градиме правосудство кое ќе им служи на граѓаните, а не на политиката, пишува Пренџов на Фејсбук.
