Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска ќе ја посети Општина Карпош каде ќе изврши увид во градежните активности за асфалтирање на улицата „Софиска“ во Општина Карпош.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, потоа предвидено е пешачење до ООУ „Братство“, каде што ќе биде поставен камен-темелник за изградба на нова спортска сала.
По завршувањето на настанот, најаваена е изјава за медиумите на премиерот Мицкоски.
