Владата денеска ќе донесе задолженија за спроведување проверки и во други фирми кои се занимаваат со производство на марихуана

 

Владата денеска ќе донесе задолженија за спроведување проверки и во други фирми кои се занимаваат со производство на марихуана, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека актуелната акција е само почеток на многу поширока истрага.

Не би се изненадил ако дојдеме до сто тони заплена“, изјави Мицкоски.

Прашан дали марихуаната што завршила во Србија поминала преку граница како пломбиран товар, пријавен во документацијата како друг производ, Мицкоски одговори дека засега нема такви информации.

Тој посочи дека со правилник донесен од претходната власт било овозможено производство на цвет од канабис со квалитет под стандардите, кој потоа би се користел за производство на масло што се пласирало на пазарот, што, според него, отворило простор за сериозни злоупотреби.

На прашање кој министер овозможил олеснување на правилата за добивање лиценци за канабис, премиерот одговори дека е јасно кој бил

– Во одреден период министер е Венко Филипче. Лиценците за производство се една работа, но, донесен е правилник, подзаконски акт, со кој се дозволува да се произведува цвет од канабис што не ги задоволува ЏМП нормите и биле свесни дека тоа ќе се случи. Ако цветот не ги задоволува нормите, логично е дека со неговото користење во процесот на екстракција, маслото што ќе се произведе нема да може да биде лиценцирано и да се најде во продажба. Тоа им било многу јасно и на тие што го носеле тој правилник. Сега вистинското прашање е кој бил мотивот да се донесе таков правилник ако вие знаете дека не можете да го постигнете квалитетот, за да произведете масло кое ќе се продава на пазарот и ќе ги исполнува нормите. И тука треба да се направи сериозна истрага. Но, ова е само почеток. Од тоа што го имаме како индиции и она што МВР го истражува, одредени телефони, одредени разговори, одредени докази, работата ќе биде многу, многу поголема – рече премиерот Христијан Мицкоски.

.