Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век, со своите политики кои што ги водат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на бугарската претседателка Илијана Јотова.
-Јас замолувам за вниателно следење за тоа што го прави македонската Влада, оваа Влада ги штити интересите на државата и граѓаните. Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век, со своите политики кои што ги водат, рече Мицкоски и додаде:
„Мојата цел како политичар и човек е да гледам напред, да гледам како да си ја развивам државата на чија што Влада сум претседател и во таа насока ќе продолжам. За нас се знае што значи македонската историја, културно наследство, посебност, која што со векови е стара, и тука нема никави дилеми“.
