Премиерот Христијан Мицкоски нема никаква дилема на темата дали поддржува право на протести, но пречи кога протестантите ги прекршуваат законите за знаме, химна и Уставот.

-Секогаш поддржувам протести, демократско право е да се поддржат протести и тука немам никаква дилема. Мене лично ми пречи што протестантите кои се правници кои се борат за право го прекршуваат законот, да речеме законот за знамињата, законот за државната химна, уставот и така натаму. Ајде навредите нема да ги коментирам, тоа е се под домашно восиптување што во првите 7 години од животот се стекнува. Нема да го коментирам ни насилниот инцидент кој се случи, ниту надворешните мешања во внатрешните работи на Македонија од надворешни фактори. Тоа се ќе го оставиме како фолклор, рече Мицкоски.

Посочи дека Владата работи да се обезбеди трајно решение кое што ќе ги реши овој, но и други проблеми наследени од минатото.