Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, на која се разговарало за европската перспектива и регионалната соработка.

Мицкоски во објава на социјалните мрежи информираше дека меѓу темите биле и унапредувањето на добрососедските односи и важноста од продолжување на реформските процеси во согласност со европските стандарди.

„Продолжуваме со отворен и конструктивен дијалог со нашите европски партнери, во насока на градење посилна, стабилна и просперитетна иднина за граѓаните“, напиша премиерот.