Премиерот утре ќе присуствува на настанот во Волково-Орман
Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на поставување камен-темелник за доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Волково-Орман, во Општина Ѓорче Петров.
Информацијата ја соопшти владината прес-служба.
Според најавата, настанот ќе се одржи утре, 20 мај 2026 година, со почеток во 12 часот.
Од Владата информираат дека по настанот е предвидена и изјава за медиумите од страна на премиерот Мицкоски.
