Во Кривичниот суд во Скопје пронајдени сатар и ножеви во ранец на 20-годишен скопјанец.
Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека при безбедносен преглед за влез во Основниот кривичен суд во Скопје, службеник на судската полиција во ранецот на 20-годишниот М.К. од Скопје пронашол и одзел два ножеви и еден сатар.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Полицијата го расчистува случајот.