Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува слаб економски раст и во следните неколку години, изјави извршната директорка Кристалина Георгиева, предупредувајќи дека активноста забавува во 90 отсто од индустријализираните земји, пренесува Хина.
Растот е сè уште историски слаб и историски ќе биде слаб и на среден рок“, рече Георгиева.
Индија и Кина ќе бидат одговорни за половина од овогодишниот раст, изјави шефот на ММФ.
Во 90 отсто од индустријализираните земји активноста забавува, а тоа важи и за еврозоната, каде каматните стапки ќе извршат притисок врз побарувачката, додаде таа.
ММФ ќе ги објави редовните пролетни прогнози за економијата следниот вторник. Во јануари тој предвиде дека светската економија ќе порасне за само 2,9 отсто оваа година поради последиците од војната во Украина и континуираната висока инфлација.
Затегната монетарна политика
Во 2022 година, активноста во светот се зголеми за 3,4 проценти.
Сепак, изгледите се „помалку мрачни“ од очекувањата во октомври, заклучи тогаш ММФ.
„Со оглед на зајакнувањето на геополитичките тензии и сѐ уште високата инфлација, силно закрепнување сè уште е недостижно“, нагласи Георгиева.
Таа ја пофали строгата монетарна политика на централните банки, порачувајќи им да истраат и да ја продолжат борбата против високата инфлација.
Осврнувајќи се на проблемите на банкарскиот сектор, првиот човек на ММФ рече дека „банките денес се генерално посилни и поотпорни, а регулаторите реагираа исклучително брзо и координирано во изминатите недели