Многу интензивен напад врз главниот град на Украина, Киев, aспоред локалните власти, најсилен напад од почетокот на војната, известува репортерот на Ал Џезира, Хасан Масуд.
Русите во текот на ноќта ја нападнаа Одеса, украинско пристаниште на Црното Море, клучно за извозот на жито.
Штетите се собираат, а се уште не се знае дали нападот го загрозува извозот на жито, кое заедно со другите прехранбени производи од Украина може да се извезува само преку пристаништата во тој регион.
Според украинската армија, нападот го извршиле дроновите „Шахед“ од иранско производство.
Во исто време, втора ноќ по ред цел на воздушни напади беше и Киев.
Противвоздушната одбрана работи, најави градоначалникот Виталиј Кличко.
Киев беше погоден од руски напади 16 пати само овој месец, а последните две ноќи беа особено жестоки.
Во саботата Украина го претрпе најголемиот напад со беспилотни летала од почетокот на војната, според локалните воени власти.