Актуелната политичка ситуација ме потсеќа на една парола на Фемили Аеродром од пред десетина години насочена кон играчите на МЗТ: „Титулата не е ни до пола стигната, а вие се однесувате како да е веќе дигната“. Епа така и ова. Ја напаѓаат идната влада која уште не е ни составена.

Пишува: Никола НИКОЛОВСКИ – Боемот

На моите претходни две политички објави има низа коментари од фејк профили со седум следачи каде сите ми коментираат дека сум нереален сум се продал, ау бау. Ја залажуваат јавноста за мене, сакаат да се стави етикета за нереална работа. Измислуваат дека не сум пишал ништо против Африм Гаши, а јас преку низа објави на стори и Фејсбук статус јавно пишувам против него. Навистина е под секое ниво дека заклетвата ја даде на албански и тоа дегутантно да се коментира, заслужува секаква осуда. Рака на срце, отпосле и самиот тој ретерираше рече дека било ненамерно.

Реалноста е следна. Според ресорите за кои се шпекулира дека ќе ги раководат Албанците во идната Влада, ќе има најслаба застапеност на Албанците во Влада во последните 20 години, или може да се спореди со Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА од 2006 година. Кога напишав дека „Македонците си ги враќаат назад клучните министерства“ тоа и го мислев, а тоа е и факт.

Следната Влада ќе биде иста како таа од 2006 година, а Албанците ќе се со најмалку министри во последните 20 години. Албанците ќе имаат помалку министерства отколку во 2008 година. Доколку имаме реформирање на министерствата, следната влада ќе има 20 министерства, без да се земаат предвид трите министерства без ресор. Од тие, само 4 ќе и припаднат на ВРЕДИ, а 2 на ЗНАМ. Со другите 14 ќе раководи кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Искрено ми пречи само говорот на Гаши на албански, а другото се е под контрола. Се надевам дека и тоа ќе се среди. Уште една паралела е дека не е важна толку националноста колку што е важен кадарот.

Има една претстава во театар Комедија која гласи „Многу врева за ништо”. Има простор за оптимизам, но тоа не значи дека слепо треба да поддржиме некого. Внимателно и со памет.

Боемот 2.0

P.s. „Крадецот секогаш прашува кој е крадецот“. Кој е бот, тој што пишува своеволно без никаква намера или лајкнува по наредба да се улиже на претпоставениот? 🧐

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)