Жал за рецензирањето на македонски политички изјави

Во врска со денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, македонското МНР изразува жалење што бугарската институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог.

Македонија не се меша во внатрешни прашања на Бугарија

Воедно, од МНР јасно нагласуваат дека ниту имаат намера, ниту потреба да се вклучуваат во внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија – ниту преку коментари, интерпретации, ниту преку учество во дневнополитички наративи.

Повик за добрососедство и европски принципи

Македонија ги повикува бугарските институции да се водат од принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и институционална комуникација – темелни европски вредности и стандарди. Како што истакнуваат, Европа се гради со доверба и резултати, а не со етикетирања и политички квалификации.

Република Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности.