Компанијата тврди дека ова е поттик за кампањите за вакцинација на почетокот на летото.
Модерна соопшти дека планира да поднесе барање за итно одобрување до Администрацијата за храна и лекови во САД, каде вакцината на Фајзер/Бионтек веќе се администрира на адолесценти од 12 години и постари.
– Поднесовме барање за одобрение за ставање во промет на нашата вакцина против Ковид-19 од Европската агенција за лекови за употреба кај адолесценти во Европската унија. Охрабрени сме што вакцината на Модерна е многу ефикасна во спречување на инфекции со Ковид-19 кај адолесцентите, изјави извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел.
Модерна со две дози е околу 90 отсто ефикасна против симптоматскиот Ковид-19 и 95 отсто ефикасна против тешко заболување.