Дозите беа „понудени по најниската цена на Модерна, во согласност со нејзините обврски за глобален пристап“, се вели во соопштението на американската компанија.
Африканската унија купува вакцини против коронавирус од различни производители за да ги зајакне напорите за вакцинација на земјите-членки.
Претставникот на АУ за коронавирус Стрив Масијива ја поздрави најавата на Модерна.
Масијива рече дека, АУ досега дистрибуирала 17 милиони дози вакцини против коронавирус и уште 35,2 милиони ќе бидат доставени во следните три недели.
Само околу пет отсто од популацијата на Африка која брои 1,3 милијарди луѓе, се целосно вакцинирани. За да се достигне 60 отсто, се проценува дека ќе бидат потребни околу 1,6 милијарди дози.