Тој соопшти дека министерството нема точни податоци за процесот на вакцинација на наставниците.
– Приоритет ни беа наставниците кои изведуваат физичка настава, а за останатите во координација со здравствените власти, кои даваат насоки за термини вид на вакцина. Засега нема механизам или кампања за подигнување на свеста кај оние наставници, кои во септември треба да се вклучат во редовниот процес со физичко учество во наставата. Ние не можеме да ги принудиме да се вакцинираат, тврди Шабани.
МОН продолжува да доставува списоци и податоци за групи од воспитно-образовниот систем до Министерството за здравство.