Уште еден дуел од шпанската Ла Лига заврши без победник и без постигнати погодоци. Екипите на Селта и Бетис одиграа натпревар во кој освоија по еден бод со конечен резултат 0:0.

И двата состави создадоа поволни прилики пред противничкиот гол во текот на средбата. Сепак, љубителите на фудбалот присутни на стадионот „Естадио де Балаидос“ во Виго останаа без погодоци во двете мрежи.

По ова реми тимот на Бетис, кој забележа успешен старт во шампионатот, по десет одиграни натпревари собра 20 бодови и се наоѓа на четвртото место на табелата. Екипата на Селта по ова коло го зазема деветтото место во шпанскиот шампионат.