Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од месец март ќе изнесува 20.175 денари.

Ова значи дека граѓаните ќе добиваат повисоки плати за над 2000 денари.

Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната плата.

Секоја година во месец март минималната плата се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата од измината година.

Во март 2022 година минималната плата достигна 18,000 денари, а во март месец 2023 година минималната плата достигнува 20.175 денари