– Јас искрено не мислам дека Собранието е блокирано, тоа е едно апстрактно и нереално образложение на Владата за немањето на капацитет да се реализираат реформи, посочи Муцунски.
Тој додава дека е точно дека аргументираат и дебатираат врз основа на амандмани, ставови по голем број закони.
– Доколку Владата сака опозицијата да поддржува закони, тогаш се очекува дека Владата ќе ги прифаќа амандманите по конкретни закони дадени од страна на опозицијата. Кога истите не се прифаќаат како амандмани, ние не можеме да дадеме поддршка за проекти законски кои што сметаме дека се погрешни и не дека ќе доведат до благосостојба, туку ќе создадат штета во различни области, вели Муцунски.