Муцунски вели:

-Во врска со новите образовни реформи се води една политика на радикализам, радикални промени и реформи во образованието коишто се осмислени од страна на еден министер кој ниту по своето професионално, ниту по своето образовно искуство знае што му е потребно на образованието

Тој посочи дека ако погледнеме што се случува во последните недели, родители протестираат, наставниците и универзитетските професори се загрижени, учениците се загрижени, МАНУ и универзитетската заедница излегуваат со изјави дека ова се катастрофални реформи во образованието.

-Министерката Царовска не треба да погледне подалеку туку само на она што го кажуваат дури и нејзини претходници од нејзината политичка партија во министерството за образование, најдоброто нешто кое може да му се случи на македонското образование во овој момент е оставка на министерката Царовска и тимот околу нејзе кој сака да го редефинира нашиот однос спрема нашите деца, спрема нашата нација, спрема она што сме како Македонци, така да ова е една политика која е радикална, анационална која ќе доведе до дополнителен хаос, истакна пратеникот Муцунски.

Тој потсети дека Царовска создаде прво хаос во ресорот труд и социјала, како еден од вицепремиерите за економски прашања е еден од виновниците за оваа економска состојба, а сега продолжува да го сее хаосот и во ресорот образование.