Муцунски го смени Синани од функцијата генерален конзул во Њујорк

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ решена е целосно да расчисти со криминалот на ДУИ. По препорака на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, Владата денеска одлучи да го смени Мухаби Синани од функцијата генерален конзул во Њујорк. Тој на оваа функција беше поставен само неколку месеци пред овогодинешните парламентарни избори.

Кој е Мухаби Синани?

Мухаби Синани е лице тесно поврзано со Бујар Османи, кој по негова препорака и кршејќи ги законските одредби, само неколку месеци пред изборите, со одобрение на Артан Груби беше испратен на дипломатска функција. Бујар Османи и Артан Груби незаконски само неколку месеци пред изборите го назначија Мухаби Синани за генерален конзул во македонскиот конзулат во Њујорк.

Синани не ги исполнил квалификациите

Претходно, Дипломатскиот сојуз покрена силни приговори затоа што Синани не ги исполнил квалификациите потребни за да биде назначен за генерален конзул од групата професионални дипломати, а тие се повикуваат на членот 35а од Законот за надворешни работи. Тогашниот министер Бујар Османи инсистираше дека таквата одредба повеќе не е дел од Законот, тврдејќи дека наводно била отстранета. Муцунски децидно се спротивстави на ваквите непостапувања по законот.

Дали Груби и Османи го прекршиле законот?

Ова го отвора прашањето дали именувањето на Синани на функцијата за која не е квалификуван е кривично дело, извршено од тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи и тогашниот вицепремиер Артан Груби, кои ја овластиле одлуката за неговото објавување во Њујорк.

Моментално владее паника во ДУИ.

(ВИДЕО) Во живо на емисија Бујар Османи и Арбер Адеми дознаа за ставањето на Артан Груби на американската црна листа

Ваквата одлука доаѓа по ставањето на Артан Груби на американската црна листа.