Муцунски и Силјановска Давкова на средба со Македонците од Албанија

М

Со новата власт од ВМРО-ДПМНЕ Македонците кои живеат зад границите повеќе не се заборавени. Таков е примерот со Македонците од Албанија. Претседателката Силјановска Давкова и министерот Муцунски вчера се сретнаа со нив.

Македонија 21.07.2024. 08:41

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова, денеска во Вила Билјана во Охрид се сретнаа со Македонците од Албанија, како и со претставници од нивните здруженијата.

На средбата стана збор за статусот на Македонците во албанското општество, можностите за подобрување на нивната положба, како и начините на кои земјава може да придонесе за справување со предизвиците со кои се соочуваат.

Беше отворено и прашањето за неодамнешниот попис во Албанија чии податоци не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Притоа, беше истакнато дека земјава ќе ги преземе сите неопходни чекори за надминување на оваа состојба, како и соодветна заштита на правата на Македонците во Албанија.

Воедно, беше разговарано за потребата од зајакнување на соработката и релациите со Македонците од Албанија, конкретно во економската, образовната и културната област.

Министерот Муцунски на средбата нагласи дека Владата и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно ќе работат за унапредување и заштита на интересите на македонското национално малцинство што претставува мост на поврзување меѓу двете земји.


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст