Тој во интервјуто за „Република“ вели дека според најавите од Софија тој е отфрлен од нивна страна и оти мора да се надеваме дека словенечкото претседателство ќе успее бидејќи многу подобро го познава регионот.

Тој е убеден дека и во Брисел не се комотни поради однесувањето на Бугарија.

-Наместо во 21 век кога треба да разговараме за развој, за прогрес, ние разговараме за тематика која што не враќа во 19 век и ги урива еден од основните фундаменти на постоење на ЕУ а тоа е почита кон различностите и различните култури и јазици. На голем тест продолжува да биде и кредибилитетот на ЕУ. Затоа се свени и во ЕУ бидејќи и Бугарија е далеку од исполнување на тие стандарди и продолжува да ги урива. Треба сериозно преипитување за својата позиција и од новата влада во Софија и да се уверува дали ова однесувње носи прогрес на регионот или го назадува и создава лоша пракса за процесот на прошурување. Овие локални избори можат да бидат и силен мотивирачки фактор за предвремени парламентарни избори.Успехот ќе го отвори патот-смета Муцунски.