Тој потенцира дека во Извештајот на Стејт департментот за 2020 година за почитувањето на човековите права, високата корупција се уште постои, постои страшна политизираност на јавниот сектор и постои правна непредвидливост.
– Тоа го има и во изјава на Палмер од ред некој ден. Тоа што е нотирано во овој извештај нотирано е и во извештајот на Транспаренси Интернешнл, утврдено во индекси како тие на Економист кои ја нотираат оваа земја како хибриден режим. Така да власта треба да почне да го работи тоа што го ветува. Нема реформа на кривичниот законик кој сите ни велат дека треба да се реформира, 4 години е во подготовка, дали имаме реформа на Законот за кривична постапка, исто 4 години е во подготовка, дали имаме граѓански законик донесено, исто 4 години е во подготовка, истакна Муцунски.
Пратеникот нагласи дека по 4 години дали нашите граѓани може да се сетат на ниту еден сериозен исчекор на оваа влада во правосудството и администрација, камо ли четири.
– Ние имаме политика коалиција која е 4 години на власт на СДСМ и ДУИ и која во тие 4 години не успеала да создаде опипливи позитивни промени во делот на правосудството и во делот на реформата на јавната администрација каде што се најголемите критики во Извештајот, рече Муцунски.