Мухсин Арифи доби 30 дневен притвор
Судија од Основниот кривичен суд одреди 30 дена мерка притвор за Мухсин Арифи, директорот на Геријатриската болница и неговиот помошник.
Уапсен Мухсин Арифи, директорот на Геријатрија: Барал поткуп од 20.000 евра за неподвижно лице
Прифатено е барањето на Обвинителството
Како што соопштуваат од скопска единица, прифатено е барањето на Обвинителството поради опасноста осомничените за примање на поткуп да се дадат во бегство или да не влијаат на сведоци. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Повеќе може да погледнете во продолжение:
Основното јавно обвинителство за гонење на криминал ја започна истражна постапка против двете лица – откако беше уапсен директорот на болницата за геријатрија, кој барал и зел поткуп од 20.000 евра за да смести во болницата лице кое било болно и неподвижно. МВР поднесе кривична пријава против двајцата осомничени.
„На 08.04.2025 година жената-сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра, по што на самото место бил фатен од страна на полициските службеници“, информира Обвинителството за заедничката акција со полицијата.
Според она што го објави ОЈО ГОК, Арифи во неколку наврати го барал поткупот од лицето кое потоа како сведок го пријавило во полиција. За добивање на поткупот од посредникот биле организирани две претходни средби. Арифи барал поткуп од 100.000 евра. 20-те илјади што ги добил биле само „гаранција“.