Речиси 25 години Живко Мукаетов ја гради својата кариера во „Алкалоид“, работејќи на повеќе позиции, а на чело на компанијата е речиси 20 години. За компанијата тој истакна: Историски гледано, компанијата растела и се развивала низ многу специфични времиња и системи во текот на своето 9-децениско постоење, но секојпат покажувала резилиентност и брза адаптација кон промените. Во ексклузивното интервју за InStore тој додава дека постојано се работи на достоинствена и посветена глобализација на „Алкалоид“, а во регионот е веќе креирана фузија за деловен развој кој секогаш е поттикнат со инвестиции, кои во последните пет години достигнаа 104,1 милиони евра.

За работењето на „Алкалоид“, но и за ставовите поврзани со економската состојба на земјава и регионот, за регионалните иницијативи и за многу други теми, прочитајте во интервјуто со генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

Како Вие, лично, го доживувате развојниот пат на „Алкалоид“ откако сте на позицијата генерален директор, а и лично Вашиот во рамките на компанијата?

Мојот пат во „Алкалоид“ го почнав на свои 25 години, во септември 1999, од базичните хиерархиски нивоа на компанијата, од каде што преку разни менаџерски позиции, во мај 2006 година бев назначен за генерален директор, а потоа и претседател на Управниот одбор. Со доаѓањето на најодговорната позиција во еден голем систем како „Алкалоид“, со цврсто поставени принципи на корпоративно управување, настојував да внесам нова енергија согласно спецификите на модерните текови. Во 2006 година пласманите на „Алкалоид“ изнесуваа 57,7 милиони евра, а 2022 година ја завршивме со 231,9 милиони евра консолидирани продажби. Овој четирикратен пораст, во услови кога речиси секоја година била одбележана со некаков кризен предзнак, воопшто не беше лесен. Но, историски гледано, компанијата растела и се развивала низ многу специфични времиња и системи во текот на своето 9-децениско постоење, но секојпат покажувала резилиентност и брза адаптација кон промените. Во контекст на успешниот развој, можеби клучните зборови се посветеност и напорна работа.

„Алкалоид“ во моментов е компанија на над 2.700 семејства, а секој еден член на големото семејство алкалоидовци придонесува нашата успешна приказна да продолжи да расте и да се развива.

Целото интервју со генералниот менаџер и претседател на УО на „Алкалоид“ Живко Мукаетов прочитајте го ТУКА.