Еден од членовите на „огнената група“ во ДУИ, Муса Џафери во изјава за „Слободен печат“ порача дека во партијата мора да има промени. Во спротивно, се заканува со политичка војна.
Додека Џафери најави отворена војна ако нема смена на министри, Груби негира дека има раскол во ДУИ и вели сите се построени зад лидерот Ахмети. За Ахмети, пак, незадоволството на членовите не е загрижувачо и смета дека преку дебата ќе се надмине.
И додека Беџети и Меџити не открија детали од разговорите со партискиот лидер освен дека останале на позициите за смена на министрите, Џафери во разговор за „Слободен печат“ отворено му порачува на Ахмети дека политичките проблеми и барања во партијата не може да ги решава со ограноците и така да го амортизира незадоволството.
-Артан Груби барем малку ако го слуша незадоволството во партијата од него, самиот треба да се повлече од функциите прв вицепремиер и министер за политички систем. Освен него, оставки од функциите треба да поднесат и други министри или Ахмети да ги смени. Во спротивно ќе има политичка војна во ДУИ. Ако Ахмети мисли дека ова може да се развлече преку средби со ограноци и да трае со месеци, ако мисли дека може да не надмудри тогаш е во грешка бидеќи така нема да се решат проблемите. Не може политичките проблеми и барања во партијата да се решаваат со средби со членови од ограноците, вели Џафери, пренесе Слободен печат.